Победниците на минатогодишниот Лузер Фест завршија со снимање на својот прв албум

Победниците на минатогодишниот Лузер Фест завршија со снимање на својот прв албум

Победниците на минатогодишниот Лузер Фест - Cut your nipple, завршија со снимање на својот прв студиски албум - The Jungle Book. Албумот се снимаше во Студио 1060 кај Дени Крстев, а наскоро ќе биде издаден од страна на Password Production.

Stay tuned!

CUT YOUR NIPPLE е тричлен бенд, формиран во 2018 година од страна на Марко Печеновиќ (бас гитара и вокал), Павел Кузмановски (гитара) и Теодор Јаневски (тапани).