Earlybird билети за Грин Бич Фестивал

Earlybird билети за Грин Бич Фестивал

Почнува продажбата на билетите за претстојното, осмо издание на GREEN BEACH FESTIVAL кој ќе се одржува на 28-ми и 29-ти јули, на плажата Парк во Охрид! Во рамки на оваа продажна акција достапни се првите, earlybird билети кои се продаваат по НАЈПОВОЛНАТА ЦЕНА со 40% попуст во однос на финалната цена. Не заборавајте дека билетите по оваа цена се достапни само во ОГРАНИЧЕН БРОЈ, а акцијата ќе се спроведува најдоцна до 15-ти мај или можеби порано доколку се распродадат залихите.

Преку продажната мрежа на МКтикетс, како и онлајн на овој линк, достапни се:
ДНЕВНИ БИЛЕТИ - 650 денари,
КОМПЛЕТ БИЛЕТИ (дводневни) - 1.200 денари,
ВИП ДНЕВНИ БИЛЕТИ - 1.200 денари,
ВИП КОМПЛЕТ БИЛЕТИ - 2.000 денари.

Со настапите на RICHIE HAWTIN во петок, на 28-ми јули и SVEN VATH во сабота, на 29-ти јули несомнено е дека пред нас е досега најмоќното издание на најголемиот фестивал на електронската музика кај нас – GREEN BEACH FESTIVAL, а наскоро ќе бидат објавени и новите артисти на фестивалот кои ќе настапат како поддршка на хедлајнерите во двата фестивалски дена.

* Списокот на сите продажни места е достапен тука.