Дубиоза Колектив: ХИМНА НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

Дубиоза Колектив: ХИМНА НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

„Химна на генерацијата“ е новиот видео спот на Дубиоза Колектив и првиот сингл од новиот албум кој ќе го види светлото на денот кон крајот на годинава.

„Откако со години не обвинуваат дека го претставуваме ‘легитимниот глас на изгубената генерација’ одлучивме конечно да ја злоупотребиме таа класификација и да направиме пригодна музичка нумера на таа тема. Омилената спортска дисциплина на овие простори – секирација на долги стази – доведена е до совршенство и овој регион даде низа светски шампиони во супер-тешка категорија. Се секираме неселективно, без престан и за време на секирацијата не ги дискриминираме темите по важност и можно влијание врз сопствените животи. Нѐ секира сѐ – од загрозеноста на опосумите во јужноамериканските прерии до можната термонуклеарна војна на корејскиот полуостров, од изборот на Трамп за претседател на С.А.Д. до изборот на натпреварот за најголем пејачки талент на месната заедница Забрѓе. Ако некои помалку важни човечки опсесии како љубовта кон жените или алкохолот се опеваат во безброј песни – тогаш и љубовта кон секирацијата заслужува макар и една песна“. – порачуваат од ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ.

 

 

Спотот за песната е снимен во Сараево на почетокот на април, а во снимањето учествуваа 400 статисти кои волонтерски се пријавија на повикот кој групата го објави преку социјалните мрежи. Ова беше едно од најмасовните снимања на подрачјето на сараевскиот кантон уште од епските призори од филмот „Валтер го брани Сараево“. За потребите на снимањето, во неколу наврати беше блокирана главната градска сообраќајница што секако предизвика дополнителна секирација на возачите кои беа погодени со овие прекини во сообраќајот.

Бендот ексклузивец на Пасворд Продакшн, статистите и екипата која го снимаше спотот во моментов се секираат како ќе им се допадне спотот на гледачите и колку прегледувања ќе има истиот на YouTube.

ТЕКСТ НА ПЕСНАТА:

Himna Generacije

Čim progledam ujutro
gutam informacije
Novine, portali
dnevna doza sekiracije

Naslovi bombastični
estrada, crne hronike
Ko se ženi, kol'ko mrtvih
Teror i harmonike

Hiljadu zašto
al’ nijedno zato
Dal’ će novi rat
da počne Rusija il' NATO?

Svaki nova vijest
me potpuno zablokira
al’ neću da se brinem
Da mi ćuna ne zatrokira

Glečeri se tope
kukala nam mati
na Euroviziju
koga ćemo slati

U glavi se roje
paranoje
da li dobre vijesti
uopšte postoje

Ko je koja
krvna grupa
Da li će progutati nas
crna rupa?

Pjevaj “biće bolje”
dok se valjamo u blatu
zajebi sekiraciju
čuvajmo prostatu!

Ovo himna je generacije
živimo bez sekiracije
Ovo himna je generacije
u šupku civilizacije